Во телефонски разговор со Трамп, Путин изрази подготвеност за партнерски дијалог

дијалог

– Двајцата се изјаснија за заедничка работа во нормализирањето на руско-американските односи, соопшти прес-службата на Кремљ.

Тие зборувале и за потребата од обединување на напорите во борбата против меѓународниот тероризам.

Двајцата се согласиле да одржуваат телефонски контакт, и во иднина да договорат лична средба.

Во соопштението на Кремљ се наведува дека, Путин повторно ја поздравил победата на Трамп на претседателските избори во САД и посочил дека воспоставувањето на партнерски дијалог треба да се темели на принципите на рамноправноста, меѓусебното почитување и немешањето на внатрешните работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.