Македонија

Во Телма и МРТ повеќе време за СДСМ отколку за ВМРО-ДПМНЕ

Во Телма и МРТ повеќе време за СДСМ отколку за ВМРО-ДПМНЕ
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши Мониторинг врз 18 радиодифузери. Информациите кои се пласирани во извештајот сосема јасно го ставаат на виделина лицемерието на СДСМ во односот со медиумите.

Така, за опозициската партија СДСМ и нејзиниот лидер, Телма издвоила повеќе време за емитување за цели 30 % во споредба со времето наменето за владејачката партија.

telma-monitoring

И кај директните обраќања, Телма ја става својата програма во служба на Заев и партијата.

telma-22

Двојно повеќе време за СДСМ во МРТ со партиски уредник

По поставување на Санта Аргирова на функција во МРТ се покажа што подразбира СДСМ под медиумска слобода. Зоран Заев под слободни медиуми изгледа разбира медиум кој постојано ќе известува само за него, кој ќе го емитува во најударни и најдолги термини.

Партискиот уредник во националната телевизија обезбедува двојно повеќе време за СДСМ и Зоран Заев отколку за владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

mrt-mrtmrt-obrakanja