Во тепачки во Битола и Скопје, повредени двајца

Вчера во  спортската сала „Павел Шатев“ во Битола се случила тепачка помеѓу И.Е.(30) од Битола и И.М.(21) од с.Жабени при што И.Е. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера исто така се случи и тепачка помеѓу Р.А.(77), Е.А.(36) И С.А.(37) при што Р.А. се здобил со повреди и е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.