Во тепачка тешко повреден малолетник

Во тепачка во центарот на Гостивар тешко повреден е малолетник. Момчето вчера во 19.25 часот  со убодна рана во стомакот било донесено во медициснкиот центар во Гостивар, а поради сериозноста на повредите било пренесено во Ургентниот Центар во Скопје.

Шеснаесетгодишното момче  од село Добридол се здобило со повредите во тепачка што настанала вчера во 18.45 часот на бул.„Браќа Џиновски“, во центарот на Гостивар. Меѓусебно се пресметувале Е.Џ.(21) и Т.Л.(22) од Топлица од една стана и седумнаесетгодишник од Сенокосе и шеснаесетгодишникот од Добридол од друга страна.

Во тепачката Т.Л. извадил нож и го прободел момчето во пределот на стомакот.

Како што информира МВР, Т.Л. и Е.Џ. биле пронајдени и се задржани во полициската станица во Гостивар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Против инволвираните ќе биде поднесен соодветен поднесок.