Крими хроника

Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж

Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж

Како што соопшти денеска МВР, на 17 декември 2016 година околу 9:30 часот пред куќата на С.С. во село Боговиње дошол оштетениот О.М.(51), кој без повод и причина му упатил навредливи зборови.

Пријавениот со употреба на метална шипка му задал три удари на О.М., од кои два удари во пределот на грбот и еден удар во пределот на главата, нанесувајќи му телесна повреда. Од здобиените повреди О.М. паднал на земја, по што биле раздвоени од соселани-очевидци на настанот.

Повредениот бил примен во Клиничката болница Тетово, каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.