петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 46

Во терористички напади во Брисел загинаа 28 луѓе, а 90 се ранети

Во нападот на аеродромот Завентем, загинале 13 луѓе и 35 се ранети. Во експлозијата во метро-станицата Малбек загинале 15 луѓе и ранети се 55. Дел од тие ранети се во критична состојба.

Уапсен уште еден осомничен за нападот на бриселскиот аеродром

Уапсен уште еден осомничен за нападот на бриселскиот аеродром

Поврзани вести

Белгиските власти потврдија за 28 загинати и 90 ранети во денешните координирани терористички напади на аеродромот и во метрото во Брисел.

Во нападот на аеродромот Завентем, загинале 13 луѓе и 35 се ранети. Во експлозијата во метро-станицата Малбек загинале 15 луѓе и ранети се 55. Дел од тие ранети се во критична состојба.

Белгискиот премиер Шарл Мишел побара „повеќе од кога и да е солидарност и смиреност“. Тој соопшти дека на границите на државата е засилена контролата.

Федералниот обвинител Фредерик ван Лео изјави дека еден бомбаш самоубиец активирал експлозив на аеродромот во одделот за патници кои поаѓаат кон одредени дестинации. Се претпоставува дека втората експлозија на аеродромот е од автомобил бомба.

Белгиските влати одлучија да испратат дополнителни 225 војници во Брисел по експлзиите од утрово. Во Белгија засилено е и обезбедувањето на нуклеарните централи.

Најчитани вести