Во тешка сообраќајка повредени тројца грчки репрезентативци, едно лице загина

Тројца грчки фудбалски репрезентативци поминале со полесни повреди во сообраќајна несреќа која ја доживеале во понеделникот во Будимпешта.

Иако, возачот на такси возилото и фудбалерите кои се возеле со него поминале без посериозни повреди, сепак возачот на другото возило кое учествувало во сообраќајката починал поради тешките повреди.

Панајотис Тацидис (Верона), Вангелис Морас (Верона) и Јоанис Фетфацидис (Киево) со такси патувале кон аеродромот во Будимпешта по мечот на Грција против Унгарија во рамките од квалификациите за пласман на ЕП.

Тие веднаш биле префрлени во најблиската болница каде било утврдено дека имаат помали повреди на главата и колената.