Во товарен воз кај Гевгелија откриени 50 илегални мигранти

На железничката станица Гевгелија  во товарен воз кој сообраќал на релација од Солун за Косово биле откриени 50 странски државјани од Авганистан, Сирија и Пакистан.

Тие се обиделе нелегално да ја преминат границата од Грција во Македонија.

По преземени мерки лицата се предадени на ГП Идомени – Грција, воедно предадени се и 3 лица државјани на Сирија кои кои исто така се обиделе нелегално да ја преминат границата во Македонија.