Во тракторска несреќа почина 21 – годишно момче од Делчево

Загинал откако му се превртел тракторот

Дваесет и едно годишно момче почина вчера во тракторска несреќа што се случила вчера околу 14.00 часот кај местото викано „Лакита“ на планината Огражден.

Имено, како што соопштива МВР, вчера околу 13,30 часот на планината Огражден на местото викано „Киселица“, Дарко Т.(21) од Делчево управувајќи трактор во кое како сопатник било 16 годишно момче од село Василево, движејќи се по шумски пат во еден момент предното лево тркало им излегло од лежиштето.

Откако стапиле во контакт со сопственикот на тракторот тој им посочил да го остават тракторот и да тргнат пеш за „Палазлија“ од каде ќе ги земел со возило.

Истите откако не го послушале сопственикот со тракторот продолжиле со движење на три тркала при што околу  14.00 часот кај м.в.„Лакита“ изгубиле контрола, по што тракторот се превртел и Дарко Т. бил пригмечен од кабината во пределот на градниот кош, при што починал на местото на настанот.

Извршен е увид на местото на настанот од Јавен Обвинител и екипа на СВР-Струмица