понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 1

Четворица повредени во излетување на македонски автобус во Србија

Во Транспордукт соопштија дека во моментот на несреќата во автобусот имало 14 патници кои влегле во Скопје

автобус

Поврзани вести

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во 5.50 часот утрово ан автопатот Белград – Ниш во близина на алексиначкото село Катул.

До незгодата дошло кога автобус на транспортната фирма „Транспродукт“ кој сообраќал на линијата Скопје – Белград, од досега неутврдени причини излетал од автопатот.

Екипите на итната помош четворица повредени пренесоа до нишкиот Клинички центар. Тројца по дијагностиката се отпуштени зошто немале сериозни повреди, а еден пациент и натаму е во болнциа.

Според неофицијалнтие информации на лекување е задржан возачот на автобусот кому најверојатно му се слошило во текот на возењето, што довело до несреќата.

 

Најчитани вести