Во третото тримесечје 7.155 слободни работни места

Вкупно 7.155 слободни работни места во Македонија се евидентирани во третото тромесечје од годинава.

Најголем дел од нив или 2.269 се во секторот на преработувачката индустрија по што следуваат трговијата на големо и трговијата на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли со 1.328 и транспорт и градежништвото со 725 слободни работни места.

Најмногу слободни работни места – 1.876 се во деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49, по што следат субјектите од 3 до 9 вработени каде има 1.874 слободни работни места, во компаниите со над 250 вработени слободни се 1.793, а во оние меѓу 50 и 249 вработени има 1.612 работни места, соопшти Државниот завод за статистика.

Од слободни работни места најмногу или 3.271 се во Скопскиот регион по кој следат Пелагонискиот со 1.102 и Вардарскиот со 869 слободни работни места.

Најмногу се бараат работници во услужни дејности и продажба 2.000, а најмалку само 35 во секторот – членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.