Свет

Во Тунис разбиена женска терористичка група

Во Тунис разбиена женска терористичка група

Безбедносните сили на Тунис денеска во провинцијата Сиди Бузид разбија терористичка група, составена само од млади жени.

Во групата членувале жени на возраст меѓу 22 и 25 години.

Тие агитирале млади девојки од Тунис да се приклучат во редовите на џихадистичката група Исламска држава и ширеле екстремистичка идеологија.