Во Тунис убиен напаѓачот на војници кои чувале гласачки кутии

Војската на Тунис го уби вооружениот маж и приведе уште тројца учесници во нападот врз војниците, кои ги чувале гласачките кутии на претседателските избори, соопшти  министерството за одбрана на Тунис, јавува МИА.

Нападот се случил во раните утрински часови врз училиште во централниот регион Кериан, каде гласачките кутии ги чувале војниците.

Во Тунис изутрината почна гласањето во вториот круг од претседателските избори, на кои гласачите избираат меѓу 88-годишниот Беџи Каид Есебси, лидер на антиисламистичката партија Нида Тунес и за 75-годишниот привремен претседател Монсеф Марзуки, кој се наоѓа на чело на сојузот со умереното исламистичко движење Енахда.

Изборната комисија конечните резултатите треба да ги објави до 24 декември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.