Во Турција блокиран сајтот на Зружението на атеисти

Суд во Турција блокираше пристап до сајт на здружение на атеисти во земјата, наведувајќи дека претставува „навреда за верските вредности“ во државата.

Тие ја осудија одлуката на судот нарекувајќи ја „недемократска и нелегална“ и оти тоа ќе и наштети на репутацијата на државата во странство.

Во минатогодишното интервју за турски медиуми основачите на Здружението наведоа дека ја формирале групата за да може „легално да ги поддржуваат оние на коим им се закануваат бидејќи се атеисти“. Пред две години турскиот пијанист Фазил Сај познат по атеистички ставови беше осуден на 10 месеци условна казна поради навредување верски вредности.