Во Турција блокирани „Твитер“, „Фејсбук“ и „ЈуТјуб“

Турските власти денеска го блокираа пристапот до социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, како и до ЈуТјуб, поради објавување на снимки на обвинителот, кој беше киднапиран од терористи во Истанбул минатата недела, пренесува МИА.

Oбвинителот Мехмет Сели Кираз на 31 март беше киднапиран од двајца членови на левичарската група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С).

Во операцијата на турската полиција за ослободување на Кираз убиени се двајцата киднапери, а обвинителот беше повреден. Тој другиот ден ден почина во болница.