Во Турција има 700.000 сириски бегалци

Бројот на сириските бегалци во Турција ја надмина бројката од 700.000 лица, соопшти шефот на владината организација за управување за вонредни ситуации, Фуат Октај, пренесува „ИТАР-ТАСС“.

„Во камповите во моментов се наоѓаат 218.000 Сиријци“, истакнал Октај.

„Во последната недела се зајакнал протокот од Сирија во провинциите Килис и Газиантеп, поради интензивирањето на воените дејствија. На целата територија на Турција живеат повеќе од 700.000 Сиријци“, истакнал Октај.

Тој додал дека Турција ќе продолжи да ја обезбедува целата потребна помош за сириските бегалци.