Во Турција изработено најголемото знаме од зачини

Најголемото знаме од зачини во светот го изработија турски готвачи во Мармарис по повод вчерашниот официјален празник на земјата, Денот на младите и спортот, на кој му се оддава почит и на основачот на Република Турција, Мустафа Ќемал Ататурк, пишува весникот „Јени шафак“.

Рекордот за најголемото знаме од зачини беше поставен на плоштадот Ататурк во одмаралиштето од 40 готвачи и 20 студенти од Високото училиште по кулинарство во Мармарис.

Турското знаме беше поставено на површина од 220 квадратни метри и е изработено од два тони црвен пипер, 300 килограми индиско оревче и сол.