Во Турција ќе биде отворен првиот аеродром изграден на вештачки остров

Денес попладне во Турција ќе биде отворен 52-иот аеродорм во Турција. Станува збор за аеродром кој е изграден на вешташки остров покрај крајбрежјето на Орду, јавува Анадолија.

Станува збор за прв ваков тип на аеродром кој е изграден во Турција и во цела Европа, а осми по ред во светот. Околу 35 милиони тони камења биле искористени за да се пополнат околу 1, 8 милиони квадратни метри во морето.

Конструкцијата на вештачкиот остров, која чинела околу 360 милиони турски лири (132, 6 милиони долари) започна во јули 2011 – та година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.