Во Турција ќе нема фудбал една недела

Турското фудбалско првенство ќе биде во прекин една недела поради неодамнешниот напад на клупскиот автобус на Фенербахче, објави турската фудбалска федерација по состанокот со министерот за спорт, Чагатај Килич.

– Веруваме дека инцидентот беше терористички напад, кој не е насочен само кон Фенербахче, туку и кон целиот турски спорт. Донесовме одлука да ги одложиме сите натпревари од Купот и од првенството за една недела, истакна претседателот на ТФФ, Јилдирим Демирорен.

Ваквата одлука е донесена по барањето на Фенербахче за прекин на сите фудбалски активности во земјата и тоа се додека ситуацијата околу нападот врз нивниот автобус не добие целосна расрешница.

Во нападот на автобусот на Фенербахче кој се враќаше од победничкото гостување кај Ризеспор,беше повреден возачот кој веднаш беше пренесен во болница.

Турската полицја пак, соопшти дека до сега две лица се аупсени под сомнение дека едниот го следен конвојот на Фенербахче а другиот пукал со огнено оружје.