Свет

Во Турција највени нови апсења

Во Турција највени нови апсења

Како што јави турската телевизија НТВ, досега се уапсени 30 од лицата по кои се издадени налози.

Турските власти соопштија дека сите 215 полицајци се осомничени за користење на апликацијата за паметни мобилни телефони „Бајлок“, за која се тврди дека ја користат приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Анкара го обвинува Ѓулен дека заедно со неговите приврзаници го организирале обидот за преврат на 15 јули.

Поголемиот дел од лицата кои треба да бидат уапсени се полицајци од Анкара, но има налози за апсење и на нивните колеги од 13 окрузи во земјата.

Исто така денеска, Министерството за одбрана на Турција соопшти дека воружените сили отшуштиле уште 201 припадник на Военото воздухопловство и 32 од Воената морнарица.

Речиси 32.000 лица беа упасени, а околу 100.000 војници, полицајци, учители, судии, обвинители и останати државни службеници беа отпуштени од работа по обидот за преврат во Турција.