Балкан

Во Турција приведени 200 осомничени членови на ИД за планирање напади на Нова година

Во Турција приведени 200 осомничени членови на ИД за планирање напади на Нова година

Турските власти во изминатите 48 часа привеле најмалку 200 осомничени членови на ултрарадикалната сунитска органзиација Исламска држава (ИД) кои се обвинети за планирање напади за време на новогодишните празници, пренесува агенцијата Anadolu.

Полицијата изврши рација во 14 различни окрузи, при што приведе 124 осомничени за врски со џихадистичката терористичка групација во четвртокот, и уште 77 во петокот само во главниот град Анкара и во Мегалополисот.

Меѓу приведените има странци. Полицијата конфискувала документи и дигитален материјал на кои имало планови за напади во новогодишната ноќ.