четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 58

Во Турција уапсени 33 осомничени членови на ИД

id

Последни вести

Турската полиција вчера во Истанбул и во Адана приведе вкупно 33 осомничени членови на џихадиситчката група Исламска држава (ИД), од кои 16 се странски државјани, соопштиј денеска властите во Анкара.

Припадниците на антитерористичката единица во исто време извршиле претрес во пет квартови во Истанбул, при што се уапасени десет лица.

Има информации дека приведените биле во контакт со борци од ИД и оти патувале во конфликтните зони.

Во акцијата во Адана се приведени 23 лица, од кои 16 се странски државјани, кои планирале да се приклучат на ИД.

Петнаесет од нив се египетски државјани, а една е Русинка.

Седумтемина приведени турски државјани се осомничени дека врбувале борци за ИД.

Најчитани вести