Во Турција за еден ден откриени 730 илегални имигранти

Генералштабот на турската армија соопшти дека 730 илегални имигранти биле приведени на турските граници за само еден ден.

Помал број од илегалните имигранти – 31 биле приведении при обидот да ја поминат границата со Бугарија, додека на границата со Грција откриени се 38 лица.

Поголемиот број имигранти се приведени при обидот илегално да ја поминат турската граница, а доаѓале од Сирија.

Но, 17 луѓе се приведени кога се обидувале од Турција по илегален пат да стигнат во Сирија.