Во Турција забранети погреби за пучистите

Управата за верски работи на Турција соопшти дека нема да дозволи одржување на верски погребни обреди за учесниците во, како што се наведува, „предавничкиот напад на државата, народот, турскиот Парламент“.

Тоа, меѓутоа, не се однесува на војниците и припадниците на безбедносните сили кои се нашле во судирите, а всушност не знаеле за што станува збор, се наведува во соопштението.

„Услугите за џеназа и погреб нема да им се дозволат на убиените пучисти и предавници кои немилосрдно дигнаа оружје на голоракиот народ и го напднаа Парламентот и други јавни институции, со цел да ја соборат легитимната власт во земјата“, пишува во соопштението на турската Управа за верски работи.