Во Турција задржан брод со 300 имигранти

Турската крајбрежна стража задржа синоќа во Средоземното Море покрај Мерсин, во јужна Турција, товарен брод со над 300 илегални имигранти, претежно Сиријци, кои пловеле кон Италија, пишува МИА.

Според локалните власти бродот со должина од 30 метри пловел под знамето на Того.

Турските власти презеле мерки, откако забележале невообичаено движење на мали рибарски чамци, натоварени со елеци за спасување и голема количина храна, меѓу Мерсин и бродот „Бурчин“.

Два чамци на крајбрежната стража и еден хеликоптер почнале да го следат сомнителниот брод, кој беше задржан, а потоа спроведен до пристаништето Мерсин.

На бродот турските власти откриле 333 нелегални имигранти и привеле 15 лица осомничени за пренос на нелегални имигранти, од кои четворица се турски државјани.