Во турските протести против ИД убиени 36 Курди

Бројот на убиени турски граѓани при протестите против Исламска држава достигна 36 луѓе, објави МИА.

Според турските медиуми бројот на жртвите од неодамнешните протести на курди во Турција во поддршка на сирискиот курдски град Кобане што беше под опсада на ИД, се зголеми откако денеска во болница од раните животот го загуби лице рането на 9 октомври во градот Карлаова во округот Бингол во источна Турција.

Прокурдски демонстранти излегоа на улици во Турција за да протестираат против како што наведуваат, „немањето желба“ на турската Влада да направи нешто за да биде прекината опсадата на џихадистите врз градот Кобане.

Во протестите ранети се стотици луѓе. Опожарени беа над 500 полициски и над 600 цивилни возила. Штети се нанесени врз 122 илјади објекти меѓу кои и училишта, музеи и библиотеки.