Во училиштата во Центар нема доволно наставници, некои првачиња нема да бидат запишани

Директорките на седумте основни училишта кои се наоѓаат на територија на општина Центар денеска беа на работна средба кај градоначалникот на општината, Андреј Жерновски. На средбата беше укажано дека во мај, во училиштата во општина Центар се запишале поголем број на ученици во однос на минатата година.

„Проблем е што голем број родители не успеале да ги запишат децета во законскиот рок, а сепак, територијално припаѓаат на општина Центар. Затоа општината, за да може нормално да започне новата учебна година, и да не се одбиваат деца, бара од Министерството за образование и наука средства за по еден одделенски наставник за прво одделение во ОУ Димитар Миладинов и Гоце Делчев и двајца одделенски наставници во прво одделение во Ј.Х.Песталоци,“ велат од Општината

Во спротивно, предупредуваат дека голем дел првооделенци ќе останат незапишани.