Во Украина животот го загубиле речиси 7.000 цивили

Речиси 7.000 цивили го загубиле животот, а повеќе илјади се водат како исчезнати во немирите што ја зафатија Украина во текот на изминатата година, изјави украинскиот претседател, Петро Порошенко.

Пред пратениците во украинскиот Парламент тој рече дека во судири со проруските сили животот го загубиле 1.657 украински војници.

Во источна Украина се уште има судири, иако од средината на февруари во сила е прекин на огнот.