Во Украинскиот конфликт досега загинале над 6.000 луѓе

Бројот на загинати во Украина е над 6.000 луѓе, се посочува во најновиот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарна помош (ОЦХА), објави МИА.

„Вкупно, од почетокот на конфликтот во средината на април 2014 година до 19 март годинава, регистрирани се 6.072 документирани жртви, а повредени се 15.345 луѓе во зоните на судири“, се посочува во извештајот на ОЦХА.

Пред седум дена, ОЦХА извести дека 5.943 луѓе загинале во Украина, а повредени се 15.300.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.