Во уривање на американски воен авион 16 загинати (ВИДЕО)

Американски транспортен воен авион од типот „KC-130 Hercules“ се урна во државата Мисисипи, а најмалку 16 лица загинаа, пренесува телевизискиот канал Mississippi News Now.

Транспортниот авион на американските маринци се урнал во округот Лефлор околу 100 километри од Џексон, најголемиот и главен град на американската сојузна држава Мисисипи.

Засега не се познати причините за несреќата, но според тврдења на очевидци авионот започнал да понира, а потоа експлодирал и се распаднал додека се приближувал кон земјата.

Остатоците од авионот се пронајдени од двете страни на локалниот автопат. Според полицијата, во леталото имало многу муниција, што ја отежнува работата на спасувачите и пожарникарите.

Фред Рендл, директор на управата за вонредни состојби во округот Лефлор, изјавил дека повеќето од жртвите биле маринци.

Портпаролката на Корпусот на морнаричката пешадија на САД, Сара Барнс, потврдила дека се случила несреќа, но без да наведе други детали. Досега нема информации ниту за тоа од каде полетал и на каде бил упатен авионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.