Во урнатиот алжирски авион имало 51 Французи

Меѓу 110 – те патници кои загинаа при рушењето на алжирскиот авион се наоѓале најмалку 51 француски државјани.

Француските власти, за разлика од алжирските и малиските до моментов не ја имаат потврдено веста за падот на авионот, но сепак на аеродромите Роаси-Шарл де Гол и Марсеј се создадени кризни штабови.

Местото каде се урнал авионот е зона на конфликт во регионот на Гао, но според француските експерти, вооружените групи во Мали не располагаат со оружје што може да погоди патнички авион кој лета на височина од 10.000 метри.

Во потрагата на остатоците на авионот се вклучени и два француски авиони од типот Мираж 2000, соопшти генералштабот на француската армија. Тие го следат патот на летот на авионот и промената во маршутата.

Францускиот претседател Франсоа Оланд кој требаше да замине во посета на францускиот остров Реунион во Индискиот Океан го одложи патувањето за неколку часа.