Во Уругвај ќе нема настава за време на натпреварите на мундијалот

Училиштата и факултетите во Уругвај нема да држат настава во времето кога ќе се играат натпреварите на уругвајската фудбалска репрезентација на претстојното светско првенство во Русија.

Оваа е одлуката на тамошното министерство за образование кое наредило во текот на мечевите да нема настава за сите да може да ги бодрат Луиз Суарез, Единсон Кавани и соиграчите.

„Очигледно е дека нас Уругвајците спортот, а особено фудбалот, нѐ дефинира, Со тоа создаваме чувство на единство коешто дене е сѐ поретко. Една од нашите мисии е да се обрати внимание на овие вредности“, изјавил деканот на Католичкиот универзитет во Монтевидео.

Уругвај на светското првенство ќе игра во групата со домаќинот Русија, Египет и Саудиска Арабија, и се очекува негово сигурно пласирање во наредната фаза од турнирот.

Уругвај има две светски титул а беше и првиот фудбалски светски шампион победувајќи како домаќин на мундијалот во 1930 година и неочекувано совладувајќи го со 2:1 домаќинот во 1950 година во Бразил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.