Во услови на правен хаос, постои основ Иванов да не го додели мандатот

Откако пратениците од СДСМ и од албанските политички паритии во Собранието го избра Талат Џафери за претседател на парламентот, мандатарот Зоран Заев го чека мандатот од претседателот Ѓорге Иванов за формирање на нова влада.
Одлуката за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието е објавена дененска во најновиот број на „Службен весник“, со што тој и официјално стапува на таа функција. Од СДСМ велат дека не постојат повеќе никакви пречки мандатот за нова Влада веднаш да биде доделен. „Ѓорѓе Иванов нема повеќе никакви изговори за да ја исполни својата уставна обврска кон граѓаните на Р.Македонија“, порачуваат од СДСМ откако денеска во Службен весник и официјално е потврден изборот на Талат Џафери за собраниски спикер.

Но, дел од познавачите на состојбите сметаат дека не само што не се надминаа правните и политичките пречки за доделување мандат за состав на Влада, туку во меѓувреме, со каубојскиот „избор“ на Талат Џафери за претседател на Собранието на РМ дополнително се усложнла целата правно-политичка состојба во државата, која според универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска дава дополнителен основ на Иванов кој според неа, мора да каже дека не се надминати правните и политичките пречки за доделување на мандат.

tanja-karakamiseva
Проф. Тања Каракамишева-Јовановска

„Македонија од ден на ден влегува во се подлабока правна криза поради флагрантното кршење на Уставот и на сите правни акти од страна на СДС и албанските партии. Во Македонија веќе ни Устав е Устав, ни закон е закон. Во Македонија, благодарение на анархијата што ја воведе новото парламентарно мнозинство, веќе ништо не се прави и не се презема со почитување и во согласност со правните акти. Го видовме шверцерскиот „избор“ на Џафери, ја видовме иконографијата со албанските знамиња што пратеникот Џафери ги распосла во претседателскиот кабинет, видовме како пратеникот Џафери се претставува како претседател на Собранието уште пред одлуката да биде објавена во „Службен весник на РМ“, видовме како пратеникот Џафери планира да ги води пленарните седници во Собранието на албански јазик спротивно на Уставот…видовме, сведоци сме на еден голем правен хаос и безредие кое се стимупира се погласно и подрско и од меѓународната заедница“, вели Каракамишева-Јовановска за Нетпрес.

Според неа, наместо владеење на правото во земјата има владеење на дивиот Запад, каде не се почитува ниту правото, ниту правилата.

„Во една ваква правна збрка, претседателот Иванов дополнително има основ и мора да каже дека не се надминати правните и политичките пречки за доделување на мандат, иако каубојците се решени да го рушат системот по секоја цена. Бидејќи каубојциве се поддржани од Дивиот Запад каде сила Бога не моли. Таму не важат правила и цивилизациски вредности, туку само сила и притисок. За жал Македонија се повеќе заликува на див Запад, во кој политичката сила и политичките наредбите се посилни од правото. Ако Уставниот суд не најде сила да ги врати работите во земјата назад, кон правото, Македонија ќе отиде во насока од каде враќање кон правото назад нема да има“, потенцира универзитетската професорка.

Инаку, претседателот Ѓорѓе Иванов уште во февруари годинава по косултациите со лидерите на парламентарните политички партии потенцираше оти очекува од оние што ќе формираат влада во својата програма да имаат два клучни приоритета – прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата. Второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонија. Еден месец подоцна македонскиот претседателот во обраќање пред јавноста повтори дека нема да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев и оти од него побарал тој јавно и јасно да ја отфрли и осуди албанската платформа, бидејќи, како што кажа, македонските граѓани на изборите гласаа за реформите и за исполнување на обврските од договорот од Пржино, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава, уверувајќи ги граѓаните дека сè додека тој е претседател нема да даде мандат на некој што прифаќа платформа против Македонија.

„Ниту Уставот ниту совеста не ми дозволуваат да дадам мандат на секој оној кој го руши суверенитетот и независноста на Република Македонија“, рече македонскиот претседател. Во согласност со Член 84 од Уставот на Република Македонија, кажа Иванов, тој нема да определи мандат за состав на Влада на Република Македонија на секој оној кој преговара за платофрми на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзнинот суверенитет и независноста. И побројните средби со претсавниците на меѓународната зеедница, ставот на претседателот Иванов остана непроменет – дека без отстранување на правната и политичката пречка не може да додели мандат за формирање Влада.

Macedonia's President Gjorge Ivanov addresses the audience during the Eurasia Economic Summit in Istanbul
Ѓорѓе Иванов: Мојот став останува непроменет

„Мојот став останува непроменет- правната и политичката пречка мора да се отстранат. Целта на двата услова е новата влада да не биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа. Мојата одлука е превентивна за да спречиме штетни последици со кои би се соочиле. Уценета влада е нестабилна влада со краток рок на траење и штетни последници че потсетам дека Европската унија е гарантна само два договори, Oхридскиот рамковен договор и договорот од 2015 година, оттука императив на партиските лидери на политичките партии треба да биде спроведување на ургентните реформски приоритети. Прва точка на дневниот ред на партиите и пратениците треба да бидат европските реформи, а не спроведување на постизборна платформа креирана во туѓи држави, платформата со која се загрозува безбедноста на државата, се условува парламентарното мнозинство, се уценува составот на новата влада. Се нарушуваат добрососедтските односи со директно мешање во внатрешните работи во Македонија, се потикнуваат тензии во меѓуетничките односи, се манипулираат граѓаните со прашања кои се надвор од рамковниот договор, се бара промена на уставот и затоа за Република Македонија и се потребни европски реформи, а не туѓи платформи и како држава мораме да се фокусираме на европските реформи“, истакна Иванов по средбата со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.

Оттука, велат експертите, пречките за доделување на мандат и по нелегалниот избор на Талат Џафери за нов собраниски спикер не се надминати, бидејќи, Зоран Заев се’ уште јавно и јасно да ја отфрлил и осудил албанската платформа.