Во Варшава откриен магацин со половина тон експлозив

Полската полиција во шума во близина на Варшава открила таен магацин во кој имало сокриено половина тон експлозив од Втората Светска Војна како бомби, гранати за минофрлачи, дури и една авионска бомба.

Според информациите од Централното биро, криминални гурпи го користеле тајниот магацин за свои криминални активности.

„Полицијата пронајде 204 гранати, 41 парче артилериска муниција, рачни гранати, авионски бомби и 60 килограми барут. Вкупно 447, 5 килограми експлозив“, соопштуваат од полската полиција.

Пиротехничарите го уништиле експлозивот на непозната локација.