Свет

Во Вашингтон состанок посветен на сузбивање на епидемијата

Во Вашингтон состанок посветен на сузбивање на епидемијата

Лидерите на Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, земјите на западна Африка кои се погодени со еболата, денеска ќе се состанат со официјалните лица на ОН, ММФ и Светската банка за да разговараат за дополнителна помош во борбата против ширењето на оваа болест.

Состанокот ќе биде одржан во Вашингтон, каде што е во тек заседанието на ММФ и Светска банка.

Земјите од западна Африка каде што од ебола настрадале 3800 лица, апелираа на дополнителна помош за сузбивање на епидемијата.

Американскиот претседател Барак Обама синоќа изјави дека новите мерки кои се преземаат на најважните меѓународни аеродроми во САД за патниците од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја треба да бидат уште едно ниво на заштита од еболата.

Во САД вчера почина пациент кој е лечен во Далас, а Обама истакна дека тој случај покажува дека нема многу место за грешка.