Во Велес почна аплицирањето на субвенции за земјоделство и сточарство

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес денеска  беа поднесени првите неколку барања за добивање субвенции за 2015 година, согласно програмата на Владата за финансиска поддршка во земјоделството.

Од Подрачната единица ги информираат земјоделците од поширокиот велешки регион заедно со општините Чашка и Градско дека рокот за поднесување барање за добивање на секаков вид на субвении од земјоделството и сточарството трае до 31 мај годинава.