среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Во Велес свечена заклетва на војници доброволци

Во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“, денеска 73 лица положија свечена заклетва како 28. генерација на доброволно служење воен рок во Армијата на Република Македонија.

vojnici-zakletva

Последни вести

Во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“, денеска 73 лица положија свечена заклетва како 28. генерација на доброволно служење воен рок во Армијата на Република Македонија.

Од вкупниот број 69 се мажи, а 4 жени и претставуваат база за понатамошен избор на професионални војници во редовите на Армијата на Република Македонија. МО денеска соопшти дека војниците под водство на инструктори од Центарот за индивидуална обука, во наредните три месеци, ќе се запознаат со основната воена обука која опфаќа теоретски и практичен дел.

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска – Ристова, во своето обраќање пред војниците истакна дека предизвикот на војничката професија е силен мотивирачки фактор за многу млади граѓани.

Изборот за доброволно служење воен рок за вас претставува чекор напред во изборот на вашата идна професија. Да се биде војник е посебна чест и привилегија на сите млади луѓе. Тоа ви ја отвора можноста да продолжите со надградба на воената професија во професионалниот состав на Армијата на Република Македонија, рече Чуповска – Ристова.

Чуповска -Ристова, се вели во соопштението, посочи дека е горда што во 28.генерација војници на доброволно служење воен рок има припаднички на понежниот пол. Со отворањето на војничката професија за понежниот пол, додаде државниот секретар, Армијата покажа дека високо ги вреднува и почитува меѓународните вредности.

Обраќајќи им се на родителите на војниците, Чуповска – Ристова истакна дека Министерството за одбрана во целост ќе стори сè што е во негова надлежност за да ги отвори вратите и да придонесе за подобра иднина на нивните деца.

Најчитани вести