Македонија

Во ветеринарството штетите од поплавите минимални

Во ветеринарството штетите од поплавите минимални

Директни угинувања на добиток во поплавените подрачја нема Нема ниту оштетени фарми. Само мал дел од добиточната храна, со препораки на стручни лица, е забранет за употреба, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за новите правила за означувањето на храната, Поповска нагласи дека АХВ веќе ја има целокупната слика за состојбите од поплавите.

– Формиравме свои тимови кои излегоа на терен во сите села и населени места што беа зафатени со поплавите за да ја констатираме фактичката состојба. Притоа е воочено дека не се направени големи штети во делот ветеринарство. Она што е штета во делот земјоделство, е во надлежност на ресорното Министерство, истакна Поповски.