Во Вевчани изгореле 7.500 лозници

Во пладневните часови на вчерашниот ден во атарот на село Вевчани, струшко, избувнал пожар во местото викано „Суво поле“, во област со лозов насад.

Притоа биле опожарени три парцели со лозов насад и парцела покрај регионалниот пат Струга-Лабуништа, односно опожарени биле вкупно 7.500 лозници.

Во попладневните часови екипа на Противпожарната единица Струга успеала да го локализира пожарот, а полицијата извршила увид на местото на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.