Во Виена продолжува итниот состанок за разликите во предлогот за името

Во тек и по речис шест часа состанокот на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грцизја, Никола Димитров односно Никос Коѕијас со медијаторот Нимиц во Виена, а според она што може да се дознае, главно од извори блиски на разговорите на грчките медиум, двајцата министри во понеделникот вечерта на итниот ненајавен состанок ги утврдувале деталите од преговарачкиот процес, темелени на договореното на средбата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос.

 

Засега нама информации дали на денешниот состанок ќе се разгледува грчкиот нацрт-договор, кој Коѕијас го најави за средината на февруари. Минатата седмица грчкиот министер за надворешни работи
потврди дека Атина го подготвила теренот за прифаќање на конкретна одредница во која ќе биде вклучен терминот Македонија. Коѕијас тогаш обелоден дека во Давос двете страни се договориле да се подготви спогодба под негова одговорност, а во која ќе бидат вклучени името, јазикот, националноста и Уставот.

Во понеделникот и грчкиот премиер Ципрас побара сложено име за севкупна употреба и за меѓународна и за внатрешна. За него рамка која ќе го гарантира затворањето на проблемот со името претставуваат токму уставните промени.

Македонската страна, пак, не открива детали од преговарачкиот процес. Познато е сано дека позициите на Скопје се различни од оние на Атина. Меѓутоа, од недефинираните изјави на македонските фунцкионери инволвирани во преговарачкиот процес може да се насети дека самото име на државата повеќе не е главниот проблем во преговорите, туку оти сега копјата се кршат околу Уставот, националноста и јазикот кои се спорни, според високи владини извори

Очекувањата и на двете страни се спорот за името да се реши до март, но засега ниту македонската ниту грчката страна не знаат како. Во меѓувреме се одржуваат интензивни средби. Медиумите изминатата недела објавуваа за средба на министрите Димитров и Коѕиас во Софија на 15 и 16 каде ќе се одржи неформален состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ. Засега за оваа средба меѓу Димитров и Коѕијас нема официјална потврда. Веројатно во зависност од тоа како ќе се движат преговорите во Вина ќе зависат и следните чекори.

На последната посета во Скопје Нимиц порача дека Нема многу време и сега е вистинскиот момент за решавање на спорот со името. Тогаш не кажа ниту еден предлог кој се врти на преговарачката маса меѓу Македонија и Грција и не сакаше да шпекулира за можно пропаѓање на преговорите . Изрази очекување во наредните недели и месеци да се реши деценискиот спор кој се влече повеќе од 25 години.

Македонија се надева дека овој јули ќе биде на врвот на листата за прием во НАТО, но едно е јасно ако не се реши спорот со името Грција повторно може да го блокира влезот за придружување на Алијансата

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.