Во Виница 754 лица активни баратели на работа

виница

Градежни инженери, фармацевти, лекари, електро и ИТ инженери е кадар кој веќе со месеци го нема на список во Агенцијата за вработување во Виница, а дефицитарни се и медицинските сестри, истакнува Орце Христовски, раководел на Агенцијата за вработување во Виница.

Лекарите не се проблем само за Виница, туку и за соседните општини, каде исто недостасуваат медицински сестри, лекари и фармацевти. Во Виница работа бараат 21 лице со Економски факултет и 10 со Правен.

На списокот на невработени има и магистри во областа на сообраќајот, правото и еден магистар за ликовно образование, истакнува Христовски.

Инаку, во Виница, сите поголеми компании, имаат континуирано отворени огласи за работа, а во моментот најбарани се шивачи и кројачи, шофери, келнери и продавачи.