Во Виница ќе се гради отворен павиљон за туристичка понуда

Членовите на Советот на општина Виница на последната седница донесоа одлука за финансиски придонес од општината за реализација на потпроектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал преку подобра заштита и одржливо користење на културното наследство“.

„Станува збор за изградба на павиљјон на плоштадот „Ангел Винички“ со вкупна бруто површина од 158 метри квадратни и висина од 11,05 м. Павилјонот е предвиден да биде повеќенаменски, односно да служи како отворен павилјон за посетителите на плоштадот, но и како отворена летна бина за оджување различни манифестации во градот“, изјави Емил Дончев, градоначалник на општина Виница.

За оваа инвестиција, која е проектирана на 8.200.000 денари, општина Виница е подготвена да обезбеди 818.000 денари, а останатите средства да бидат обезбедени во вид на подгрант од Проектот за локална и регионална конкурентност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.