Во Виница легализирани 794 објекти

До Комисијата за легализација на дивоградбите во општина Виница досега се поднесени 3.071 барање за легализација на диво изградени објекти, од кои најголемиот дел се однесуваат на дивоградби на куќи во повеќе делови од градот, пренесува МИА.

 – Од поднесените барања Комисијата досега реши 794 предмети на кои им издаде правосилни решенија, додека за 25 предмети се чека правослиност на решенијата. Комисијата за 48 предмети изготви урбанистичка согласност, додека 985 предмети се наоѓаат во процедура на решавање, изјави Мирко Ристов, дипломиран градежен инженер, претседател на Општинската комисија за легализација на дивоградби од Виница.

Според Ристов, за 1.219 предмети е донесен заклучок за прекин на постапката, 999 предмети се без подготвен елаборат,  додека 220 барања се со нерешени имотно правни и оставински постапки.