Во Виница освоен Милионер џек пот на Државна Видеолотарија на Македонија вреден 1.404.426

Лазе Димитровски од Виница го освои 27 МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна Видеолотарија на РМ. Добивката  вредна 1.404.426 денари е освоена на 16 јануари во 15:16 на видео лотариските терминали во обложувалницата Моцарт.

Новиот милионер на Државна  Видеолотарија  е Лазе Димитровски од Виница.

Понеделнички со МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката тој ја стартуваше својата среќна недела. Лазе е редовен играч на видео лотариските терминали. Досега среќата не била на негова страна. Но, сега навистина го изненади со фантастичната добивка вредна 1.404.426 денари. При подигнувањето на  добитниот чек, ни раскажа дека немал никакви очекувања, играл само за забава.

Во моментот кога терминалот ја регистрирал МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката, Лазе помислил дека тој се расипал. Сакајќи да праша што се случило, бил окружен од сите присутни во обложувалницата Моцарт во Виница. Кога почнале да му честитаат, радувајќи се заедно со него, сфатил дека тој е всушност добитникот. Засега нема план како ќе ги троши парите од оваа убава добивка.

1milioner

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јунимината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се27 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 39.231.613денари. Покрај нив, освоени се и 3486Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 26.147.120 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.