среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 8

Во виничко насеани 657 хектари од најзастепените култури

Поволните климатски услови, присуството на доволна влага во почвата, како и употребата на потребните агротехнички мерки, придонесоа есенската сеидба во виничко да се реализира со 93 проценти.

хектари

Поврзани вести

Од подрачната единица на Мнистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Виница истакнуваат дека со планот есенва се планирани за сеидба 704 хектари од кои наголеми се површините под есенски житни култури 685 хектари, и тоа 615 хектари кај индивидуалните земјоделски производители. Во есенската сеидба се планирани и 15 хектари под индустриски култури, афион, како и два хектара со градинарски и фуражни култури.

Од податоците изнесени во информацијата од подрачната единица на ресорното министерство од Виница се истакнува дека есенската сеидба досега е реализирана на површина од 657 хектари или со 93 проценти. Единствено намалување од планираните површини има кај афионот каде што наместо 15 хектари се насеани само два хектара, пред се поради слабиот интерес на земјоделците да одгледуваат афион.

Најчитани вести