Во Владата најмногу Скорпии, ниту еден Лав, Овен, Водолија или Близнаци!

Во македонската Влада најмногу Скорпии, ниту еден Лав, Овен, Водолија или Близнаци!
Во македонската Влада најмногу Скорпии, ниту еден Лав, Овен, Водолија или Близнаци!

Во Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Никола Груевски седат 15 министри, а од нив тројца се Скорпија во хороскопски знак, додека пак ниту еден министер не е Лав, Близнаци, Водолија или Овен, пишува „Република“.

Премиерот Никола Груевски е роден во знакот Девица, додека пак претседателот Ѓорге Иванов е Бик.

Впрочем, од првите луѓе на министерства во Владата на Македонија најмногу се родени во знакот на Скорпија (Зоран Ставреврски, Никола Поповски и Нурхан Изаири) додека пак покрај нив во нашата Влада седат и двајца Јарци, двајца Стрелци и исто толку Риби, Ракови и Ваги.

Зоран Ставревски (Министерство за финансии), роден на 29 октомври 1964 година, хороскопски знак: Скорпија

Никола Тодоров (Министерство за здравство), роден на 7 јануари 1979 година, хороскопски знак: Јарец

Зоран Јолевски (Министерство за одбрана), роден на 16 јули 1959 година, хороскопски знак: Рак

Аднан Јашари (Министерство за правда), роден на 29 ноември 1965 година, хороскопски знак: Стрелец

Никола Попоски (Министерство за надворешни работи), роден на 24 октомври 1977 година, хороскопски знак: Скорпија

Диме Спасов (Министерство за труд и социјална политика), роден на 27 мај 1985 година, хороскопски знак: Бик

Абдилаќим Адеми (Министерство за образование и наука), роден на 20 октомври 1969 година, хороскопски знак: Вага

Беким Незири (Министерство за економија), роден на 18 март 1975 година, хороскопски знак: Риби

Михаил Цветков (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство), роден на 24 ноември 1954 година, хороскопски знак: Стрелец

Елизабета Канческа Милевска (Министерство за култура), родена на 30 јуни 1970, хороскопски знак: Рак

Љирим Шабани (Министерство за локална самоуправа), роден на 11 март 1981 година, хороскопски знак: Риби

Нурхан Изаири (Министерство за животна средина и просторно планирање), роден на 16 ноември 1961 година, хороскопски знак: Скорпија

Иво Ивановски (Министерство за информатичко општество и администрација), роден на 10 јануари 1970 година, хороскопски знак: Jaрец

Општи карактеристики за Скорпија

Силните Скорпии се управувани од две планети Плутон – планетата на моќта и контролата и Марс – планетата на војната и енергијата.

Скорпијата е еден од најсилните знаци во хороскопот заедно со Лавот, Водолијата и со Јарецот. Оние што ќе се обидат да го променат карактерот на Скорпијата, ќе наидат на проблеми, затоа што никој не знае која е тајната мотивација за нивните постапки.

Скорпиите имаат многу сложен карактер. Скорпијата е знак на сексот и на смртта, на крајот и на почетокот на сè. Тие се толку моќни, што луѓето го чувствуваат нивното присуство уште пред да кажат нешто.