Во војната во Украина досега загинаа 6.000 лица

Повеќе од 6.000 луѓе загинале во Источна Украина од почетокот на кризата во оваа земја, пред речиси една година, соопшти Високиот кемесаријат на ОН за човекови права.

Покрај оваа бројка , само изминатите неколку недели таму се убиени стотина цивили и војници.

Американската агенција наведува, дека, иако Русија негира дека нејзините трупи во Украина, ОН соопшти дека „доверливи наводи укажуваат на континуиран прилив на тешко вооружување и странси борци“ од Русија, од декеммври минатата година.

Комесаријатот со седиште во Женева, отсетува дека во изминатите неколку недели дошло до жестоки борби во Источна Украина, особено во близината на аеродромите во Доњецк  и во областа Дебаљцево.

Средба Кери – Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за внатрешни работи, Сергеј Лавров денеска во Женева почнаа разговори за ситуацијата во Украина. Тие двајца се ракваа пред камерите, но атмосферата била напната и не давале никакви изјави, наведува АФП.

Путин: Геноцид со исклучување на гасот

Рускиот претседател, Владимир Путин, ја обвини Украина за спроведување „геноцод“, со оставањето без енергија четири милиони луѓе кои живеат на територии каде што владее хуманитарна криза.

Додека на украинските фронтови е релативно мирно, на Лавром му претстојат тешки разговори со Кери кој минатата недела изјави дека руските официјални лица водат „ пропагандна“ кампања и дека го „лажат во лице“ кога се работи за праќање војска и оружје на проруските сили во Источна Украина.

Исто така, се очекува Кери да изврши притисок на лавров да се погрижи Москва да спроведе веродостојна истрага за убиството на рускиот опозициски лидер, Борис Немцов.