Во вооружен напад застрелан градоначалник во Турција

Градоначалник на владејачката во Турција Партија на правдата и развојот (АКП) е тешко ранет денеска во вооружен напад во округот Бурса, во северозападниот дел на Турција, објави МИА.

Градоначалникот на регионот Гурсу во Бурса Џонет Јилдиз бил застрелан во неговиот кабинет.

Телохарнителот на Јилдиз, исто така, бил повреден во нападот. Двајцата се пренесени во најблиската болница, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Мотивите за нападот засега не се познати. Полицијата спроведува акција за пронаоѓање на напаѓачот.