Свет

Во воздушен напад убиен експертот за хемиско оружје на ИД

Во воздушен напад убиен експертот за хемиско оружје на ИД

Милитантот на ИД кој е експерт за изработка на хемиско оружје е убиен во воздушен напад врз Ирак, објави Тајмс, повикувајќи се на официјални информации од владата на САД.

Во соопштението се вели дека Абу Малик, кој бил експерт за изработка на хемиско оружје во терористичката организација бил убиен во близина на Мосул.

Инаку, според информациите што ги поседува САД, Малик најпрво изработувал хемиско оружје во времето на режимот на Садам Хусен, а во 2005 тата година и се прклучил на терористичката организација Ал каеда, од каде понатаму почнал да соработува и со ИД.

фото: thetimes.co.uk