Македонија

процес за настаните од 27-ми април Во вторник на распит во Кривчен и пратениците

Во вторник на распит во Кривчен и пратениците

За во вторник судија на претходна постапка ги повикал на распитот пратениците осомничени за терористичко зарозување на уставниот поредок и безбедноста, пренесува телевизијата Алфа.

За во вторник, судија на претходна постапка ги повикал на распитот пратениците осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Одлуката за одземен имунитет треба да стигне до кривичниот суд Основен суд Скопје 1 Скопје , до петок попладнето не било доставена.

Пратениците од владејачкото мнозинство на Собраниска седница им го одземаа имунитетот на Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски, со што го одобрија барањето на Кривичен суд, кој треба да одлучи дали пратениците ќе бидат притворени.

Шесте пратеници се дел од групата 36 осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Обвинителството за организира криминал побара притвор за сите осомничени, за настанот што се случи пред седум месеци.